констатира св. и несв.

констатира (св. и несв.)

Стечајниот управник донесува решение со кое констатира дека договорот за вработување на работникот престанал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
-Ако не бидеме бугарски шовинисти и пристрасно не гледаме на работите, не можеме да не констатираме оти во Македонија Бугарите не направија за нас Македонците ништо повеќе од тоа што го направија Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Веднаш ќе констатира дека треба: најпрво добро да го изостри своето око!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од нив не треба да се срамиме - констатира човечето со цврсто стегнатата уста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На пример, мама никогаш не остава немиени садови да се грамадат цела недела, па потоа да констатира дека во кујната настапил хаос и тогаш да покрене кампања за санирање на хаотична положба!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Констатира дека нема повеќе кибрит.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓутоа, тие констатирале и дека кон крајот на 1929 година „кралот Александар признал дека федералистичкото движење станува сѐ посилно и посилно и решил да го прикрие својот централизам со инаугурирање на вештачка поделба на државата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секогаш кога го земам даљинското в рака, и констатирам дека од аспект на јужноамерикански серии сме во ситуација од сите страни Ѓорѓи сардисан, ми иди да пукнам Династија враќај се, сѐ ти е простено!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6 По ова, тужителите го повлекоа делот од тужбеното барање во кое наведуваа дека бараат враќање на работа и на поранешното работно место – како беспредметно, што судот само го констатираше со Решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веднаш откако беше констатиран предизвикувачот, престана и терапијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Докторите констатираа дека ваквата состојба е последица од преголемата употреба на хормонска терапија, која Рада со години ја користеше заради забременувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Писателите ќе бидат најсреќни кога ќе констатираат дека граѓаните имаат искинати гаќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од друга страна, можеме да констатираме дека и руските раскажувачи, пред советскиот период, уште од Гогољ, извонредно многу се надоврзуваа на народното творештво и на одделните нивои говорна традиција.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во документот, за кој се вели дека бил сопственост на трстјанската поморска полиција, се вели отприлика следното: „Еден брод на сопственик од Мисолонги, а државјанин на Турција, закупен од извесен трговец Никола Поцо, беше запрен на отворено море и се констатира дека е натоварен со барут и со муниција за малокалибарски топови и за маузерки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од испитувањата на кои беше подложена, беше констатирано дека има абнормално покачен шеќер и видливо оштетување на панкреасот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе